Бразилски суд одлучи да го ослободи поранешниот претседател Лула да Силва

Федералниот суд на Куритиба донесе одлика во петокот да се ослободи од притворот поранешниот бразилски претседател Луис Игнасио Лула да Силва, кој издржува казна по обвинение за корупција и перење пари.

„Поради недостиг од основи за продолжување на исполнување на кривичната казна и лишувањето од слобода, тоа треба да биде прекинато“, се наведува во соопштението на судот.

Претходно во петокот Врховниот суд на Бразил ги измени нормите за кривичната постапка, кои предвидуваат апсење откако случајот ќе биде завршен на втората судска истанца. Лула да Силва беше осуден во првостепената истанца од сегашниот министер за правда Сержио Моро, по што му беше одбиена жалбата во Федералниот окружен суд на 4-от округ и од април 2018 година издржуваше казна од осум години и десет месеци за корупција и перење пари.

Пресудата тогаш му оневозможи на Лула да Силва да учествува на претседателските избори, на кои и покрај обвинувањата имаше голема поддршка во анкетите и важеше за фаворит.

Според адвокатите, одлуката на Врховниот суд „потврдува дека поранешниот претседател бил неправедно задржан во притвор 579 дена“. Бранителите на поранешниот левичарски претседател на Бразил истакнуваат дека „Лила не сторил никакви незаконски дејствија и е жртва на законот кој може да биде искоритен за политички прогон“.

Владини претставници на низа земји од Латинска Американ добивале милионски суми од „ Odebrecht“, една од главните изведувачи на бразилскиот енергетски гигант „Petrobras“. Според сознанијата на американски суд, „Odebrecht“ им платил на странски политичари и претставници на власта вкупно 439 милиони долари во периодот од 2001 до 2016 година. Меѓу примателите на пари од овој градежен гигант во замена за овозможување профитабилни договори, се функцуионери од Аргентина, Колумбија, Домениканската Република, Еквадор, Гватемала, Мексико, Панама, Перу, Венецуела.