Бразилски ветеран од Втората светска војна се излечи од Ковид-19 на 99-годишна возраст

11

Еден 99-годишен ветеран од Втората светска војна стана најстариот Бразилец што се излечи коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.

Ермандо Пивета бил осум дена во болница, каде лекарите биле загрижени поради неговата старост.

– Ова беше поголема победа за мене од победата во војната, изјави Пивета по излегувањето од болница.

Министерството за здравство во Бразил соопшти дека Пивета е најстарата личност во земјата што го победила вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.