Бразилско племе добива отштета поради пад на авион во нивниот резерват

Една од најголемите бразилски авикомпании „Гол“ се согласи на бразилското племе Кајапо да му исплати 1,3 милиони долари отштета, поради пад на нејзин авион во нивниот резерват во 2006 година.

Како што јави Би-Би-Си, по падот припадниците на племето одбија да се врати во областа каде падна авионот, бидејќи како што велат, сега таа е „загадена и проколната поради присуство на мртви лица“.

Авионот на бразилската авиокомпанија на комерцијалн лет во септември 2006 година во воздух се судри со приватен авион над амазонската прашума во државата Мато Гросо, каде што се наоѓа резерватот на племето Кајапо.

Приватниот авион, кој летал кон САД, морал принудно да слета на најблискиот аеродром.

Авионот на „Гол“ се урна среде резерватот, при што загинаа 154 патници.

Истрагата на бразилските власти покажа дека грешката ја направиле двајца американски пилоти и луѓе од контролата на летање во Бразил.

Поглаварот на племето Кајапо, Раони Метуктир стана познат кога со британската рок ѕвезда Стинг го пропатува светот, за да укаже на проблемите на уништување на амазонските дождовни шуми.