Бред Пит ги воодушеви фановите со постапката: „Беше вистински господин во секоја смисла“

Славниот холивудски актер, Бред Пит, ѝ се придружил на телевизиската екипата во која соработува со браќата Џонатан и Дру Скот.

На сите нѝ треба добра телевизиска програма, интересно шоу, па за среќа, Бред Пит е позната личност која е дел од шоуто „Познати IOU“.

Оскаровецот ја изненадил својата долгогодишна пријателка и шминкерка со реновирање на нејзината гаража во апартманот за гости, додека таа била надвор од градот.

После реновирањето, Пит се спријателил со целата екипа која ја преуредувала гаражата.

„Сакаше сите да се чувствуваат како да поминува време со нив со желба да ги запознае“, рекол Скот за „People“.

„На самиот крај се сети на името на секој поединец од целата екипа. Се сети на сите и сакаше да се увери дали знаат колку е благодарен за она што го направија. Беше господин во вистинска смисла“, пренесува CNN.

Други ѕвезди кои оваа сезона ќе бидат дел од емисијата се Мајкл Бабл, Ребел Вилсон, Џереми Ренер и Мелиса Макарти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.