Бред Пит потврди дека одбил да глуми во „Matrix“

Холивудскиот актер Бред Пит потврди дека на времето му била понудена главната улога во „Matrix“.

„Ја одбив улогата бидејќи не почувствував дека е за мене, туку дека е туѓа. Филмот го направија и јас сè уште верувам дека улогата не беше за мене“, објасни Бред Пит.

Наместо „Matrix“ Пит го сними „Fight Club“, филм кој доживеа огромен успех на бокс-офисот и стана култен.

„Matrix“ во 1999 година беше премиерно прикажан. Филмот доби три продолженија, го прослави Кијану Ривс кој овие денови го снима четвртото продолжение.

Во улогата на Нео, пред Кијану, можевме да го видиме и Вил Смит, но и тој ја одби улогата.

Бред Пит вели дека има одбиено многу улоги, но за да ги наброи ќе му биде потребно многу време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.