Бред Пит се појави на божикната забава кај поранешната сопруга

Pictured: Brad Pitt BACKGRID USA 15 DECEMBER 2019 BYLINE MUST READ: RMBI / BACKGRID

Американскиот актер Бред Пит присуствувал на предбожикната забава на неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон, која се случила во саботата, дознава магазинот People.

„Џенифер отсекогаш го сакаше годишното празнување на украсување на елката, како и Божик, Затоа, како и обично, таа собра големо друштво. Што се однесува до Пит, тие комуницираат и одржуваат пријателски односи“, рекол неименуваниот извор на списанието.

Покрај поранешниот сопруг, Анистон на предбожикната забава ги поканила и Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон, Џими Кимел и други.

Во февруари годинава Бред Пит се појави за лично да ѝ го честита на поранешната сопруга 50-от роденеден. Го прославија во еден од хотелите во Лос Анџелес.

Двајцата холивудски актери беа во брак од 2000 до 2005 година, кога Пит на снимањето на акциониот филм „Мистер и мисис Смит“ не е запозна со Анџелина Џоли.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.