Бред Пит снима филм за холивускиот сексуален насилник Харви Вајнстин

Продуцентската куќа актерот Бред Пит „Plan B“ и „Annapurna Pictures“ ќе ја екранизираат приказната за еден од највлијателните холивудски продуценти Харви Вајнстин, познат и како голем донатор на Демократската партија.

Станува збор за адаптација на истрагата што ја воделе две новинарки на весникот The New York Times кои први ја обелоденија сторијата со обвинувањата од многу жени за сексуалното насилство што врз нив со години го извршувал еден од најмоќните луѓе во Холивуд со децении наназад.

Двете споменати продуцентски куќи ги откупиле правата на приказната од њујоршкиот весник во која ќе изнасат на кој начин новинарките Џоди Кантор и Мега Тухеј и нивната уредничка Ребека Корбет биле истрајни на обелоденување на вистината и покрај бројните препораки и понижување коишто ги доживувале. Нивната истрага покрена лавина исповеди на помалку, но и многу славни актерки.

Филмот помалку ќе се фокусира на жртвите на Вајнстин, а повеќе на работата на двете новинарки, на процесот на сексуалните злоставувања, поточно на лажните ветувања на Вајнстин, но и на наведнатите глави на оние новинари коишто одбивале за тоа да пишуваат.

Истражувачките новинарки Џоди Кантор и Меган Тухеј и нивниот колега од весникот The New Yorker, новинарот Ронан Гароу, кои во октомври 2017 година ја обелоденија сторијата, наградени се со престижната награда Пулицер.

Интересна е коинциденцијата и дека во мноштвото жени кои го обвинија Вајнстин за злоставување е и актерката Гвинет Палтроу, поранешната вереница на Бред Пит. Исто така, Пит со Вајнстин соработувал во 2009 година на филмот „Немилосрдни гадови“ и во 2012 година на филмот „Убивајќи ги нежно“.

Скандалот резултираше со вистински земјотрес во Холивуд и светот со покренување на кампањата и движењата Time’s Up и #MeToo, коишто ги одбележаа годишниве доделување на филмските награди.