Брегалница 22 пати ја погоди мрежата на Ново Црнилиште и го направи светска атракција

211

Во првото коло од Купот на Македонија Брегалница Штип со неверојатен резултат го совлада тимот на Ново Црнилиште 22-0!

Брегалница до врв ја наполни мрежата на нисколигашот Ново Црнилиште и оствари резултат кој ретко се гледа.

На полувремето беше 6-0, а во вторите 45 минути паднаа уште неверојатни 16 голови.

Останатите натпревари од Купот на Македонија се играат во среда.

Брегалница Штип се очекува да биде еден од главните фаворити на истокот за враќање во првата лига.

Ново Црнилиште со тој пораз е светска атракција. Македонија и се е можно…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.