Брегалница има нов сопственик – Кит Го на Кирил Гогов

Клубот со најверна публика и поранешен македонски прволигаш Брегалница денес доби нов сопственик.

Сопственикот на Кит Го, Кирил Гогов купи мнозинство од акциите на штипскиот клуб и во новата сезона сезона Брегалница ќе влезе со големи амбиции за враќање во најсилната фудбалска конкуренција во Македонија.

Гогов стана сопстевник на 51 отсто од акциите, додека 49 проценти останаа во сопственост на општината.

„Ја информирам јавноста дека продажбата ФК Брегалница е успешно заврешена. По седницата на Советот на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтерсирани субјекти коишто ќе сакаат да бидат сопственици на ФК Брегалница 2008 со поддршка од Општина Штип. На тој јавен повик имавме еден заинтерсиран наш сограѓанин, а тоа е Кирил Гогов“, изјави градоначалникот Благоја Бочварски.

„Оваа сезона цел на ФК Брегалница 2008 ќе биде враќање во Првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите“, додаде новиот акционер Гогов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.