Брегзит без договор може да ја чини Германија 100.000 работни места

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија без договор би можел да ја чини Германија 100.000 работни емста, покажува истражувањето чиишто резултати се објевени во неделата во магазинот Welt am Sonntag.

„Ниту во една друга замја ефектот врз вкупната вработеност не е толку голем, како во Германија“, вели еден од авторите на истражувањето Оливер Холтемелер.

Студијата ги зема предвид само оние ризици за губење на работните места коишто се резултат од падот поради новите царини на увозот во Велика Британија доколку се случи нерегулирано излегување од ЕУ, а не се имаат во обѕир, на пример, ризиците за пазарот на трудот поради губењето на интересот за вложување.

Во Германија автомобилската индустрија веројатно ќе биде најмногу погодена од намалувањето на извозот во случај на нерегулира брегзит. Во смисла на бројот на вработени, најголемиот ефект би можел да се почувствува во фабриките на „Volkswagen“ во Волфсбург и на BMW во Динголфинг-Ландау во Баварија. Според студијата, околу 500 вработени би можело да бидат погодени во Волсфбург, а 265 во фабриката на BMW.

Стручњаците од Иснтитутот Хале за економски истражувања (IWH) и Хале-Витенберг институтот на Мартин Лутер, воочиле најголеми опасности за сојузните држави Баден-Витенберг, Баварија и Северна Рајна-Вестфалија, а речиси ниедно работно место не е загрозено во источна Германија.

Покрај Германија, во студијата се наведува и дека Франција би можела да биде погодена од брегзитот без договор, со околу 50.000 работни места кои се во опасност. Во Кина, загрозени се малку помалку од 59.000 работни места. Мерено во однос на вкупниот број население, ефектите би биле најголеми во Малта и во Ирска. Така, според студијата, 612.000 луѓе ширум светот можеше да останат без работа доколку Велика Британија излезе на 29-ти март од Европската унија без постигнат договорбрегз

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.