Брегзитот без договор на 31-ви октомври е „најверојатната“ можност, смета Париз

Излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија на 31-ви октомври без договор и натаму е најверојатната можност, изјави во вторникот францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан,

„Познат ви е ставот на Франција, којашто смета дека договорот за излегувањето е најдоброто решение, но денес е најверојатната претпоставка (…) е излегувањето без договор“, изјави шефот на дипломатијата Ле Дријан во Националното собрани, парламентот на Франција.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно во вторникот вети дека „многу скоро“ ќе му испрати на Брисел нови предлози, но не наведе како ќе го реши проблемот на ирската граница, кое е клучното прашање во дијалогот.

Брисел и Лондон не успеваат да се договорат за конкретната алтернатива за ткн „бекстоп“, своевидниот „безбедносен механизам“ кој по брегзитот треба да го спречи повторното воспоставување на ткн „тврда граница“ на Ирскиот остров меѓу британската покраина Северна Ирска и Република Ирска која е членка на ЕУ.

Границата меѓу Ирска и Северна Ирска по брегзитот е главниот камен на сопнувње во британските преговори за излегувњето од Унијата. Пред да стане главно невидлива, благодарејќи на мировниот договор постигнат на Велики петок 1998 година, границата на Иранскиот остров долга 500 километри беше повод за насилство во текот на трите децении смртоносни северноирски немири.

Приврзаниците на „бекстопот“ велат дека тој е клучен за границата и го одржува кревкиот мир, и стравуваат од повторно избувнување судири, доколку се врати копнената граница и контролата меѓу двете Ирски. Токму овој заштитен механизам е неприфатлив за поборниците на брегзитот, бидејќи со него не се добиваат одврзани раце за склучување договори за слободна трговија со трети земји.

„Европската унија е отворена за други предлози, за предлози кои може да се усогласат со договорот за повлекувањето, но засега не добивме никаков предлог“, додаде Жан-Ив Ле Дријан.

Под притисокот детално да ги образложи своиет планови 30 дена пред планираното излегување од ЕУ, британскиот премиер негираше дека сака воспоставување царински терминали на иррската граница, како што ноќта кон вторникот известуваа ирските медиуми. Според ирската државна телевизија RTE, Лондон размислува за организирање царински терминали, на оддалеченост од 8 до 16 километри од границата. Стоките кои се транспортираат, би се контролирале во реално време со помош на мобилни телефони и уреди за лоцирање кои би биле во камионите.

Секој нов предлог треба да го одобри парламентот, кој веќе трипати го отфрли договорот за брегзитот кој со ЕУ и поранешната британска премиерка Тереза Меј.