Брегзитот ќе се случи на 31-ви октомври и покрај непотпишаното барање за продолжување

Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија на 31-ви октомври и покрај непотпишаното писно кое британскиот премиер Борис Џонсон го испратил во Брисел во саботата барајќи одложување на брегзитот, соопшти во неделата британската влада.

Законот, кој противниците на Борис Џонсон го усвоија минатиот месец, го принудува премиерот да побара продолжување на актуелниот рок за брегзитот на 31-ви октомври, откако претаениците во саботата го одложија галсањето за договорот што Џонсон го постигна со Брисел за излегувањето од ЕУ.

Прашањето на брегзитот последните денови се насочи на две можности: уредно излегување на 31-ви октомври во согласност со законот кој Џонсон го постигна со челниците на ЕУ во четвртокот, и на одложување на излегувањето, откако во саботата практично беше принуден да бара одложување.

Борис Џонсон во саботата испрати непотпишано писмо до Европската унија барајќи одложување на брегзитот, но испрати уште една порака во која стои дека тој лично не сака продолжување, соопштија за медиумите владини извори.

„Излегуваме до 31-ви октомври. Имаме и средства и можности за тоа. Тоа писмо е испратено, бидејќи шарламентот бараше да биде испратено…, но парламентот не може да го измени мислењето на премиерот, парламентот не може да ја промени владината политика, како ниту нејзината решителност“, изјави за Sky News, Мајкл Гоув, министер наделжен за подготовките доколку дојде разружување без договор.

Вкупно Џонсон испратил три писма: едно на Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, фотокопија од текстот на кој законот, познат камо Бенов закон, ги присилува да го напише, потоа повратна забелешка на британскиот амбасадор при ЕУ, и третото псимо во кое вели дека тој лично не е за продолжување на рокот.