Брејвик: Убивав хумано, а за возврат не ми даваат свеж воздух и туширање

Андерс Брејвик, кој ја одлежува 21-годишната затворска казна за маскрот на островот Утоја кога уби 77, а повреди 240 студенти, се пожалил на ужасните услови во затворот.

Во писмото кое норвешкиот монструм го испратил до  руската ТВ-станица Рен ТВ тој се жали дека не го пуштаат на свеж воздух. Брејвик потенцира дека управата на затворот извршила најмалку седум незаконски постапки кон него.

„Тој ден јас постапував хумано, убивав, а не ги мачев луѓето, затоа барам и хуман однос кон мене“, напишал Брејвик во своето писмо во кое додава дека нема право на туширање и на свеж воздух, и дека не му дозволуваат формирање сопствена партија. Тој се чуди зошто за него не било изградено посебно крило на затворот.

Монструмот вели дека е  фрустриран што управата не му дозволува дружење со затворениците-националисти, како и дека не сакале да му ги платат учебниците што ги нарачал за да може дополнително да се образува.

Контроверзниот случај против норвешкиот монструм предизвика бурни реакции кога тој се изнесе како виновен по сите обвиненија, барајќи правда во своите напади и објаснувајќи дека тие биле неопходни за да се сопре „исламизацијата“ на Норвешка. И покрај обидите на одбраната да го прогласат за психички болен петте судии одлучија дека Брејвик е ментално здрав. Тој претходно изјави дека ќе ја прифати пресудата само доколку го прогласот за ментално здрав.