Бремената жена од автобуската несреќа кај Карпалак е во стабилна состојба

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, потврди доцна вечерта дека бремената жена која била патничка во автобусот е во стабилна состојба, објави Независен.

Претходно министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со здравствената состојба на бремената патничка е стабилно и оти по напревените детални прегледи највројатно ќе биде отпуштена на домашна нега.

Муса рече дека сите повредени се примаат на Ургентниот центар за потоа да се распределат низ соодветни клиники.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој падна во бездна, а потоа се преврте, се од Гостивар. Автобусот патувал од Скопје за Гостивар, а се преврте во близина кај Карпалак.

Според последните информации 13 се загинати, седуммина биле починати на местото на несреќата, а другите починале подоцна на пат кон болница или по згрижување во болниците. Меѓу повредените има во животно загрозувачка состојба.

Возачот на автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ е во добра здравствена состојба, но е во шок. Според изјави на очевидци, возилото ненадејно скршнало ја прибило заштитната ограда меѓу двата правца и преку спротивната коловозна лента прелетало во крајпатната провалија од околу триесетина метра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.