Бремените жени се ослободени од физичко присуство на работно место до завршувањето на пандемијата

Бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација, соопшти денеска Владата.

„Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година“, стои во соопштението.

Владата оваа одлука на донела на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести.