Брендот „Shell“ отсега достапен во Македонија

Компанијата „Корал Фуел“ ДООЕЛ Скопје, како подружница на „Coral S.A.“, започна со работа со првите две бензински станици под брендот „Shell“ во Македонија.

Компанијата е официјален сопственик на лиценцата за брендовите „Shell“ во Македонија.

Матичната компанија „Coral S.A.“ (поранешна „Shell Hellas SA)“ работи во Грција од 1926 година. Со околу 750 бензински станици кои работат под брендот „Shell“, компанијата има удел на пазарот што надминува 23 отсто и е лидер на пазарот во Грција.

Исто така, „Coral S.A.“ ја поседува лиценцата „Shell“ за пазарите Кипар, Србија и Хрватска. Компанијата има за цел да расте како регионален играч на
Балканот, обезбедувајќи горива и услуги со врвен квалитет под брендот „Shell“.

„Корал Фуелс“ влегува на пазарот во Македонија преку обезбедување долгорочни
договори за лиценца на  брендот „Shell“. Договорот вклучува поддршка и трансфер на “know-how” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг со високи стандарди. Во пракса, целото истражување и развој на горивата што се одвиваат на глобално ниво, ќе бидат пренесени преку бензинските станици за да бидат од корист за потрошувачите во Македонија.

Исто така, „Корал Фуелс“ има намера во следниот период да инвестира со планиран раст низ целата земја со отворање нови централно лоцирани бензински станици, преку кои ќе им обезбеди квалитетна услуга на своите клиенти. „Корал Фуелс“, инаку веќе работи со две бензински станици под брендот „Shell“ кај Смоквица, на автопатот „Пријателство„ близу границата со Грција.

„Јас сум пресреќен и горд што заедно со Coral ги носиме Shell брендираните бензински станици во Македонија. Досега со Coral остваривме многу успеси на регионалните пазари и задоволни сме што продолжуваме да растеме со нив преку договорот за бренд лиценцирање за Северна Македонија. Овој долгорочен договор со Coral ќе му обезбеди на локалниот пазар висококвалитетни горива и масла на Shell, одлична услуга за клиентите и низа производи за секојдневна употреба, како и дополнителни услуги дизајнирани да ги задоволат потребите на сите возачи и други клиенти. Се надевам дека клиентите ќе уживаат во искуството при посетатана услужните бензински станици од брендот на Shell““, рече Каи-Уве Витерштајн, генерален директор на пазарите со лиценца „Shell Mobility”.

„Задоволни сме што можеме да им понудиме на потрошувачите во Северна Македонија врвни Shell горива, како и пренесување на глобалното знаење за развојот на производите и услугите. Постојаната новина искомбинирана со големата групација компании кои стојат зад оваа инвестиција, создаваат единствено партнерство во нашиот натамошен раст. Достапни во целата наша малопродажна мрежа од бензински станици се водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel. Посебно дизајнираните продавници за секојдневна употреба и други специјални потрошувачки услуги, исто така ќе бидат наскоро достапни на пазарот“, додаде Џорџ Хацопулос, генерален директор на „Coral SA.“.

Ерик Мано, менаџер во „Корал С. Македонија“, рече: дека „нашите бензински станици се дизајнирани според највисоките стандарди за да обезбедат целосни решенија за возачите преку воведување новини, почитување на потрошувачите и активности за општествена одговорност“.