Брендови кои го преживеаа комунизмот, Бекутан еден од нив

767

И по повеќе од 30 години постоење, македонскиот бренд „Бекутан“ е еден од оние кои успешно го преживаа комунизмот, со одлична стратегија се трансформираа и денеска освојуваат нови пазари. Во брендовите кои опстанаа, се најдоа и Вегетата, Бамби кексите, како и Горење домашните апарати. Комапниите сето ова го доживеаа бидејќи за време на поранешна Југославија создадоа свој имиџ и препознатлив квалитет кој им помогна да се одржат на пазарот. Меѓутоа, како еден од клучни елементи за нивнот опстанување е пронаоѓањето на вистинското решение за водење на бизнис.

ТВ мрежата Ал Џезеира, направи репортажа за познатите брендови во поранешна Југославија кои го преживеаа комунизмот и успешно транзитираа во капиталистичкот општество. Еве кои се тие:

Подравка, Вегета

Професорката Злата Бартл, позната како тетка Вегета, била шефица на одделението кое во Подравкината истражувачка лабораторија која кон крајот на 50-те години ја измислиле Вегетата. Злата Бартл некогаш не пробарала хонорар за создавањето на овој производ, иако тој доживеал меѓународен успех. Вегатата на „Подравка“ денеска се продава во 40 земји во светот.

228b9eb1da05324afcbe4da75b7b0f54_content_large

Томос, моторцикли

Погонот во кој некогаш им имало околу 3.000 работници, денеска ги има само 25. Иако компанијата се обидела да го одржи својот бренд и производството го пресилила во Турција, сепак не успеала да се одржи премногу на врвот. Во моментов „Томос“ произведува моторцикли само по нарачка, а н екогаш произведувале по 100 илјади годишно.

Tomos_15SLC_01wiki

Бамби, плазма кекси

Српскиот бренд „Бамби“, плазма кексот потекнува од 1970 година кога се произведувало околу 16 милиони кутии кекси, додека пак денеска бројот на кутии е зголемен дури за 70 милиони. Директорот на компанијата „Бамби“, Даниел Боехи, вели дека растот е неверојатен. Имено, тие имаат раст од 10 отсто не само во Србија, туку и во Босна и Херцеговија и други земји. Оваа година најавуваат дека ќе вложат дополнителни 10 милиони евра.

bambiplazma

Бекутан, крема за деца

Македонската крема за деца, чиј рецепт се чува како најголема тајна, денеска е еден од најголемите брендови во регионот. „Бекутан“ постои веќе 36 години, а проценето е дека досега се продадени повеќе од 45 милиони креми. Без оглед на тоа колку е силна конкуренцијата на пазарот на козметика, потрошувачите останале лојални на „Бекутан“.

getImage

Горење, апарати за дома

Словенечката компанија „Горење“ на почетокот имала околу 11 вработени а во текот на комунизмот, нивниот број се зголемил на 1.000 работници. Меѓутоа, со доаѓањето на 90-те доаѓа и до промена на стратегијата за работа за компанијата да стане конкурентна на пазарот. Стратегијата се покажала како полн погодок и компанијата денеска е проширена и на азискиот пазар, а се планира и нејзнио проширување на други континенти.

gorenjeblic

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.