Брестовац објави со кои 18 ракометари Македонија ќе настапи на ЕП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац ги одреди 18. ракометари кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Европското првенство кое ќе се игра во Австрија, Шведска и Норвешка.

Селекторот има време до петок да одреди со кои 16. ракометари ќе настапи против Украина во првото коло.

Во последната фаза од подготовките која се одвиваше во Словенија, Брестовац одлучи покрај Велко Марковски кој заработи повреда на окото, да отпадне и крилото Никола Костески. Изборото на селекторот е шанса да добие поискусниот Мартин Поповски.