Бретвајт останува во Барселона, но во тимот на Еспањол

Данскиот фудбалски напаѓач Мартин Бретвајт во четвртокот го раскина договорот со шпанскиот великан Барселона, но ќе остане во престолнината на Каталонија бидејќи потпиша тригодишен договор со градскиот ривал Еспањол.

Бретвајт стаса во Барса во февруари 2020 година за 18 милиони евра, а последните две години постигна само десет погодоци, и повеќето натпревари не беше во составот.

Тренерот на Барса, Чави со месеци веќе не сметаше на 31-годишниот Данец, кој досега одбиваше да замине.