Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека агенцијата  Брима Галуп воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули.

Вчерашната анкета објавена во сите провладини медиуми беше една од ректите на кои СДСМ е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, но, сепак, на крајот се испостави дека ваквата анкета никогаш не била спроведена.

Момировски стапил во контакт со директорот на Брима Галуп во Македонија кој демантира дека воопшто била спроведена ваква анкета.

„Нова ТВ објави анкета на Брима Галуп според која СДСМ и БЕСА се во предност, и тоа имаше некоја фантастична бројка од 6,2 проценти. Ако се следи законот според оваа објава на Нова ТВ против нив треба да биде поднесена соодветна пријава бидејќи не го почитуваат членот 73 од изборниот законик. Во оваа анкета нема кој е нарачател, ниту кој ја платил анкетата, ниту има колкав е примерокот, кој ја спровел анкетата, само вели Брима Галуп и другото пропаганда класична дека СДСМ и БЕСА заедно водат со 6,2 проценти. И сега доаѓаме до суштината на скандалот оваа анкета ја објавија вчера 20-тина медиуми, ние во објавата на веб сајтот на Алфа ја објавивме со што се повикавме на прците медиуми кои што ја објавија. Првите медиуми кои ја објавија беа А1 ОН, Локално, Центар, Бриф, еве НОВА ТВ и тоа сите ја објавиле практично во ист момент. Никаде нема детали. Денеска јас разговарав со човеко кој што во Брима Галуп е одговорен за истражувања, господинот Ѓорѓиј Кимов, претходно имав проблем да го најдам, се обидов да ја добијам канцеларијата на Брима Галуп каде никој не се јавуваше. Дури комуницирав со регионалниот директор на Брима Галуп во Софија кој што ми објасни дека се работи за локален проект и таму да ги барам одговорите. За на крајот со господинот Јакимов не можев да го добијам и тој ми напиша на Вибер, да каже дека анкета на Брима Галуп воопшто не била објавено“, рече Момировски.