Брисел и Лондон дадоа уште една шанса за постигнување договор

Претставниците на Европската унија и на Велика Британија ќе се сретнат уште еднаш во неделата на преговори, во последниот обид да договорат трговска спогодба по британското излегување од блокот, објавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и британскиот премиер Борис Џонсон.

Фон дер Лејен и Џонсон телефонски разговарале во саботата вечерта за да се обидат да ги помрднат од мртва точка преговорите за трговскиот договор, пред Обединетото Кралство да го заврши конечно своето излегување од Европската унија. По овој разговор беше соопштено дека преговорите мора да продолжат и покрај значајните разлики.

„Двете страни истакнуваат дека договорот не е возможен доколку не бидат надминати овие проблеми. Признавајќи ја сериозноста на овие разлики, се согласивме деке дополнителниот напор треба да биде вложен од страна на нашите преговарачки тимови за да се утврди дали тие може да бидат решени“, се наведува во заедничкото соопштение.

Преговарачите на Брисел и Лондон ќе се сретнат одново во недела во седиштето на ЕУ, а фон дер Лејен и Џоносн ќе разговараат повторно телефонски во понеделникот вечерта. Тие повторија дека клучните несогласувања и натаму се рибарењето, геранциите за чесен пазарен натпревар и решавање на идните меѓусебни спорови.

„Сѐ уште сме мирни. Ако постои пат, ќе го пронајдеме“, изјави во саботата претпладнето главниот преговарач за брегзитот на ЕУ, Мишел Барние.

Обединетото Кралство излезе од ЕУ на 31-ви јануари, но правилата кои ги регулираат трговијата, патувањата и деловните активности останаа непроменети во текот на на транзицискиот период кој завршува на 31-ви декември, кога ќе биде воспоставен нов однос, со договорот или без него.

Доколку двете страни не успеат да постигна договор, петтгодишното раздружување ќе заврши хаотично, токму во времето која и Британија и ЕУ се справуваа со големи економски трошоци како последици од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Доколку не биде постигнат трговски договор, Обединетото Кралство би тргувало со ЕУ врз основа на условите на Светската трговска организација (СТО – WTO), што би довело до воведување нови царини и потенцијално значителен раст на цените за некои стоки.

Недоговарањето на спогодбата би била сценарио од кошмарите за петприемачите и инвеститорите, кои сметаат дека тоа би го нарушило преминувањето на границите, би ги вознемирил финансиските пазари и би предизвикал хаос во синџирите за набавка кои се протегаат преку европскиот континент и подалеку.