Брисел од Лондон бара да именува еврокомесар

Брисел во вторникот од Лондон повторно побара да именува кандидат за комесар во Европската комисија на чиешто чело е германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен и очекува одговор до крајот на седмицата.

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон не одговори на претходното писмо на фон дер Лејен, па претседателката на ЕК упати ново писмо до британската влада, појасни помошничката портпаролка, Дана Спинант.

„Времето лета и поради тоа Комисијата очекува брз одговор, до крајот на седмицата“, рече Спинант.

Обединетото Кралство требаше да излезе од ЕУ на 29-ти март, но поради немање мнозинство во Долниот дом на парламентот за договрениот договор за брегзитот досега трипати беше одложуван. Како нов датум за раздружувањето е предвидено на 31-ви јануари 2020 година.

Комисијата предводена од фон дер Лејен требаше да започне со работа на 1-ви ноември, но беше одложенот откако Европскиот парламенти одби да ги потврди кандидатите од Франција, Унгарија и Романија.

Доколку Лондон сепак предложи свој кандидат за еврокомесар, теоретски само на неколку седмици, исто така, треба да биде потврден од Европски парламент. Во моментов во Европскиот парламент се води дискусија дали новата Комисија би можела да почне со работа и без британски комесар.