Брисел сака продолжување на преговорите со Лондон, но се подготвува и за сценарио без договор

Челниците на земјите членки на Европската унија изразија загриженост поради недоволниот напредок во преговорите за идните односи со Велика Британија и го повикаа Лондон на направи чекор кој ќе овозможи постигнување договор.

„Европскиот совет потсетува дека преодниот период истекува на 31-ви декември 2020 година и со загриженост гледа на напредокот во клучните прашања од интерес за Унијата кој сѐ уште не е доволен за постигнување договор“, истакнаа челниците на ЕУ во заклучиците од самитот кој во четвртокот започна во Брисел.

ЕУ сака преговорите да продолжат, но истовремено сака да ги зајакне подготовките за каков и да е исход, вклучително и оној дека договор нема да биде постигнат и дека ќе дојде нагло прекинување на верските создавани во текот на 47-те години британско членство во Унијата.

„На британската страна ѝ предложив да ги продолжиме преговорите во ова малку време кои ни преостана да се обидеме да ја договориме спогодбата до крајот на октомври“, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

Главните точки во кои нема доволно напредок се еднаквите услови на пазарот за сите, надозор над спроведувањето евентуален договор и рибарството.

ЕУ ѝ нуди на Велика Британија пристап на својот голем пазар без царини и квоти, но за возврат бара Лондон да се придржува на нејзините стандарди, бидејќи не сака да добие нелојална конкуренција којашто би ја претставувале британските компании.

„Еднакви услови за сите е прашање на економскиот фер-плеј“, рече Барние.

Европската страна, исто така, инсистира на целосно спроведување на договорот за раздружувањето кое Велика Британија го прекрши со изгласувањето на законот со кој го менува договорениот протокол во врска со границата на Ирскиот остров.

Челниците на земјите членки на ЕУ кои во четвртокот попладнето се собраа на дводневниот состанок на вровот во Брисел, разговарале за брегзитот околу два и пол часа и донесоа заклучоци.

Главниот британски преговарач за брегзитот, Дејвид Фрост, ги опиша барањата на ЕУ во преговорите како „разочарувачки и изненадувачки“ и најави дека британскиот премиер Борис Џонсон својот став ќе го изнесе во петок.

„Премиерот Борис Џонсон ќе ја изнесе реакцијата и пристапот на Обединетото Кралство утре во духот на изјавата од 7-ми септември“, порача Фрост на Twitter.

Имено на 7-ми септември Џонсон го постави 15-ти октомври како краен рок за постигнување договор и рече дека доколку не биде постигнат двте страни треба „тоа да го прифатат и да продолжат натаму“ по својот пат.

„Разочаран сум од заклучоците на Европскиот совет за преговорите со Обединетото Кралство и ЕУ. Изненаден сум што ЕУ повеќе не е доследна на ‘интензивната’ работа на постигнување на идното партнерство како што е договорено со (претседателката на Европската комисија) Урсула фон дер Лејен на 3-ти октомври“, додава Фрост.

„Исто така, изненаден сум и од сугестијата дека, за да се дојде до договор, сите идни потези мора да дојдат од Обединетото Кралство. Тое е невообичаен пристап на преговорите“, порача главниот британски преговарач.