Брисел се исплаши од унгарскиот министер за правда

Иако Европскиот парламент (ЕП) е загрижен за уставноста на Унгарија, тој одби да му дозволи на унгарскиот министер за правда да присуствува на седницата, дознава V4NA. Според информациите на агенцијата, ЕП го отфрли барањето на Јудит Варга да ја претставува Унгарија за време на дебатата. V4NA писмено контактираше со претседателот на ЕП во врска со овој проблем.

Според информациите на V4NA, унгарскиот министер за правда, Јудит Варга, се обратил до Европскиот парламент со барање, знаејќи дека ЕП треба да одржи расправа за специјалниот правен поредок на Унгарија и покрај тоа што Европската комисија не најде ништо забележливо во законодавството. Министерот сигнализираше до ЕП дека во последните неколку недели унгарската влада е подложена на низа политички напади кои беа засновани на погрешни информации.

Г-ѓа Варга планираше лично да присуствува на дебатата за унгарското законодавство за вонредни состојби, да го претстави ставот на Унгарија како одговор на критиката водена од идеологијата, но бевме известени дека ЕП го одбила нејзиното барање.

V4NA го контактирала кабинетот на претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли преку електронска пошта (е-мајл). Прашале ако Европскиот парламент е навистина заинтересиран за законитоста на унгарската регулатива, тогаш зошто го одбиле барањето на унгарскиот министер за застапување на позицијата на Унгарија.

Исто така е поставено прашањето дали се свесни дека Белгија, Словачка, Австрија, Франција, Норвешка и Шведска вовеле слични мерки и кога ЕП планира да одржи дебата за овие земји.

Агенцијата ќе го објави нивниот одговор веднаш штом ќе го добие.