Брисел задоволен од изборите на Косово

Брисел е задоволен што вториот круг на изборите во Косово помина без проблеми и очекува официјален извештај од европските набљудувачи, изјавила за „Танјунг“, Маја Коцијанчиќ, портпаролката на Кетрин Ештон.

„Задоволни сме што вториот круг помина глатко“, изјавила портпаролката на високото претставништво на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Коцијанчиќ не можела директно да одговори на прашањето дали претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ во четврток во Брисел ќе разговара со Ештон и косовскиот премиер Хашим Тачи, за формирање на Заедницата на српските општини.

„Ќе стане збор за разни аспекти на примена на Бриселскиот договор, а нашиот став е дека се’ што е договорено треба и да се спроведе“, истакнала портпаролката на Ештон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.