Бришковска: Апсолутнo не e вистина дека сум му се јавила на Вељаноски за пратеници да ги отворат вратите на Собранието

Поранешната заменичка министерка за правда, Билјана Бришковска, на денешното рочиште, во своето сведочење истакна дека на 27 април пристигнала во штабот на партијата околу 20 часот, кога веќе било стемнето.

Тоа е е сосема спротивно од тврдењето на Александар Василевски – Нинџа дека таа таму била околу 18 часот.

-Тоа е апсолутна невистина. Такво нешто не можело ни да се случи зошто во тоа време не сум ни била во штабот – изјави Бришкоска.

Ова беше одговорот на Бришковска на прашањето на одбраната што знае во врска со изнесеното тврдење на Нинџа дека таа му се јавила на Вељаноски за пратеници да ги отворат вратите во Собранието.

Одговарајќи на прашања на одбраната дали дали и е познато името Алекандар Василевски – Нинџа, таа објасни дека неговото име го забележала во службената документација на министерството за правда како лице со богато криминално досие и оти никогаш немало потреба ниту да го знае ниту да го запознае.

Бришковска доби прашање и дали го видела Василевски на осмиот кат во штабот на партијата.

-Со оглед на неговиот корпулентен лик што го имам видено во медиумите сигурно би го забележала доколку бил на осмиот кат, но не го забележав додека јас бев таму – потенцираше Бришкоска.

Таа додаде дека зградата ја напуштила околу 21.30 часот и во тоа е сигурна бидејќи во 22 часот веќе била дома.