Бристол предводник на европските градови според потрошувачка на кокаин

119

Кокаинот станува сè почист и сè поевтин, покажува новата европска студија.
Само во Лондон секој ден се „трошат“ околу 23 килограми првокласен кокаин, со улична вредност од 2,75 милиони фунти. Од 15-те града со најголема потрошувачка на кокаин по глава на жител, дури пет се во Швајцарија.

Анализата на потрошувачката на кокаин по глава на жител покажа дека оваа дрога најмногу се користела во Бристол, по што следуваат Амстердам, Цирих и Лондон.
Од 15 града што се во врвот според потршувачката на кокаин по глава на жител, дури пет се во Швајцарија – Цирих, Сен-Гален, Женева, Базел и Берн.

Ако се гледа вкупната просечна „потрошувачка“, најмногу се троши во Лондон (23 килограми), што е и очекувано со оглед на бројот на населението. Ова значи дека секојдневно во Лондон циркулираат 567.445 дози кокаин, вредни околу 2,75 милиони фунти.

Годишната вредност на лондонскиот пазар е околу милијарда фунти, што е е околу осум тони.

Според вкупната дневна потрошувачка, по Лондон следуваат Барселона (12,74 килограми), Амстердам (4,62 килограми) и Берлин (4,62 килограми). Оваа количина подразбира употреба на чист кокаин и не вклучува анестетици како лидокаин и бензокаин, супстанции што се мешаат со првокласна дрога.

Д-р Леон Барон, форензичар од Кингс колеџот во Лондон, појасни дека истражувачите дошле до заклучок дека потрошувачката на кокаин во Лондон е изедначена за време на работната недела и се зголемува малку во текот на викендот.

– Тоа е спротивно на другите градови каде што се забележува многу изразена рекреативна употреба во текот на викендот. Ова значи дека кокаинот е секојдневна, обична дрога во Лондон, истакна д-р Леон Барон.

Пазарот на кокаин станува сè поконкурентен во последниве години бидејќи сè повеќе криминални групи се вклучени во трговијата. Со зголемувањето на конкуренцијата, според законот на пазарот, цената паѓа. Во последните неколку години цената стагнира на околу 40 фунти за грам.

Сè поорганизираниот Дарк веб, каде што лесно може да се набави дрога, исто така, придонесе за зголемувањето на употребата на кокаин.
Иако цената се намали, чистотата на оваа дрога се зголеми и сега е помеѓу 30 и 40 проценти. За споредба, пред 10 години овој процент се движеше помеѓу три и пет проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.