Бристол Сити за историјата – го исфрли Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на второлигашот Бристол Сити направија големо изненадување елиминирајќи го во четвртфиналниот дуел фаворитот Манчестер Јунајтед со 2:1 минатогодишниот освојувач на Лига купот.

За клубот од стадионот „Ештон Гејт“ ова беше една од најголемите победо во 123-годишнаа клупска историја.

Јунак на мечот беше Кореј Смит кој победничкиот гол го постигна во третата минута од судиското продолжение. Погодок за третопласираниот тим во Чемпионшип лигата постигна и Џо Брајан во минута, додека стрелец на Манчестер Јунајтед беше Златан Ибрахимовиќ во 58 минута со што второпласираниот тим во најсилната англиска лига само го намали резултатот.

Единственото финалево својата историја Бристол Сити го играл во далечната 1909 година во Финалето на ФА Купот и тогаш загубил токму од Манчестер Јунајтед. Куриозитет претставува и тоа што Бристол Сити стана само вториот нисколигаш кој го совладал тимот што го предводел Жозе Мурињо во неговата кариера во Англија. Досега тоа му успеа само на Брадфорд во ФА Купот во 2014 година кога Португалецот го водеше Челзи.

Траба да се одбележи и тоа дека Бристол Сити е првиот клуб во англиската фудбалска историја кој три години последователно испаѓал во понизок ранг на натпреварување. Од елитното друштво испаднале во 1980 година, следната сезона испаднале од втората, а потоа и од третата лига. Од 1980 година повеќе никогаш не се вратија во Премиер лигата.

Пласман во полуфиналето избори и Челзи кој со 2:1 го совлада Борнмут. Лондонските „сини“ поведоа во 13 минута со голот на Вилиан, а кога Дан Гослинг изедначи во 90 минута се чинеше дека ќе следат продолженијата. Но една минута подоцна Алваро Мората погоди за победа на Челзи.

Претходно во вторникот пласман во полуфиналето изборија и Арсенал и водечкиот на табелата Манчестер Сити.

Бристол Сити во полуфиналето Лига купот, или Карабао купот, ќе се соочи со другиот клуб од Манчестер – Сити, а другата двојка игра лондонско дерби – се соочуваат Арсенал и Челзи.

В