Британците и Холанѓаните ги отворија изборите во ЕУ, се очекува доминација на евроскептиците

Избирачите во Велика Британија и во Холандија во четвртокот започнаа со гласањето за своите претставници во Европскиот парламент, а анкетите педвидуваа успех на евроскептиците и во двете земји.

Од четврткот до неделата повеќе од 400 милиони избирачи во 28-те земји членки на Европската унија избираат 751 пратеник, во еден од најмасовните демократски избори во светот. Официјалните резултати од холандските и британските избори ќе бидат објавени во неделата вечерта, кога ќе заврши гласањето во сите земји членки.

Многумина стравуваат дека Европскиот парламент, во кој 40 години доминира големата коалиција на левиот и на десниот центар, по овие избори ќе биде парализиран од напливот на суверенисттие коишто одлично коритраа во Италија, Франција, Унгарија и Германија, но се солидни и во другите земји членки.

Изборите во Холандија се под посебен интерес, бидејќи подемот на европсектиците и суверенистите би можел да започне токму во оваа земја во којашто според анкетите води ервоскептичната и противдоселеничка партија. Во Холандија во анкетите вововдство е Форумот за демократија (FvD) на Тиери Баудет, а зад неа владејачката либерална Народна партија на слободата и деморкатијата (VVD) на премиерот Март Руте. Нивната меѓусебна телевизиска дебата во средата вечерта беше исклучително жестока и главно посветена на миграциите. Холандија во Европскиот парламент испраќа 26 пратеници.

Во Велика Британија, пак, се очекува доминација на новата партија Брегзит на евроскептичниот ветеран Најџел Фараж. Во земјата во којашто сѐ уште не се надѕира крај на хаосото околу брегзитот, партијата на Фараж во анекетите има меѓу 30 и 40 отсто од гласовите. На второт место се ливералните демократи со 20-ина отсто. Челниците на оваа партија во кампањата истакнуваа дека гласот за нив е всушност глас за останувањето во ЕУ. Лабуристите се трети според анкетите, а ги следат Зелените, додека владејачката Конзервативна партија на премиерката Тереза Ме се петти сао смо 7 отсто поддршка.

Европските избори ги продолжуваат Ирците на 24-ти мај, Во Словачка, Латвија и Малта се гласа на 25-ти мај. Чесите гласаат два дена, во петок и во сабота. Преостанатите 21 земја гласаат во недела на 26-ти мај.

Европската унија ги пропишува изборите според сразмерен систем, но државите членки самите го одредуваат моделот. Се применуваат притоа три вида: Преференцијално гласање, во 19 земји членки, меѓу кои се Италија, Полска, Холандија, Хрватска и нордиските земји, кога гласачот може, зависно од земјата, може да го промени поредокот на кандидатите на листата за којашто гласа, да прецрта кандидати или да комбинира од повеќе листи. Гласање на затворени кандидациски листи има во седум земји од ЕУ, меѓу кои се Германија, Франција, Шпанија и Обединетото Кралство без Северна Ирска. Избирачите гласаат за листи на кои не може да го изменат поредокот на кандидатите ниту нивниот состав; Еден пренослив глас, систем според кој се гласа на Малта, во Република Ирска и во Северна Ирска. Избирачот не гласа за готова листа, туку составува своја сопствена листа редејќи ги кандидатите како што сака.

Гласањето е задолжително во пет земји членки на ЕУ. Задолжително е во Белгија, Грција, Бугарија, на Кипар и во Луксембург. Во Белгија и во Луксембург непочитувањето на задолжителното гласање се казнува. Во трите други земји, санкциите, коишто постојат се поблаги.

Кога станува збор за изборните единици, само пет земји од ЕУ ја имаат поделено својата територија на изборни единици, и тоа: Италија – 5, Полска – 13, Белгија – 3; Ирска – 3 и Обединетото Кралство – 12. Изборните единици се географски востановени, освен во Белгија каде што се јазично дефинирани на фламанска, франкофона и германофона изборна единица. Во другите земји членки избирачите гласат во само една изборна единици која ја опфаќа територијата на целата земја.

За составот на Европскиот парламент се гласа и преку пошта, преку овластени лица и интернет. Гласањето преку пошта е дозволено во 16 земји членки на ЕУ, во прв ред да им се овозможи гласање на избирачите коишто живеат во странство. Тоа е случај во Германија, Обединетото Кралство, Шпанија и во нордиските/скандинавските земји.

Во шест земји дозволуваат гласање преку овластено лице. Сите избирачи може да гласаат преку овластено лице во Франција, Обединетото Кралство, Холандина и Белгија, а во Полска и Шведска само повозрасните и лицата со инвалидитет кои не можат да се движат може гласат преку овластено лице. Избирачот може да бара од друг избирач да гласа наместо него.

Електронското гласање е уште помалку вообичаено, Естонија е предводничка кога станува збор за дигиталните технологии во изборниот процес, единствена им овозможува на своите избирачи да гласаат преку интернет.

Последните години едно од позначајните прашања е застапеноста на жените. Родовите квоти за кандидациските листи ги воведоа 11 држави членки на ЕУ. Листите во Франција, Италија, Белгија и Луксембург мора да содржат еднаков број жени и мажи. Во Шпанија, Словенија и Хрватска на листите мора да има најмалку 40 отсто жени во однос на мажите, во Полска таа квота изнесува 35 отсто, во Грција и Португалија претставува 33 проценти. Во Романија, пак, е пропишано дека најмалку една жена и маж мора да има на секоја листа.

Некои од овие земји ги пропишале овие мерки ко итреба да осигураат жените на листите да бидат на оние позиции од кои мора реално да бидат избрани, но санкциите сѐ уште не се сериозни. Листите кои не ги задоволуваат правилата во Грција се поништуваат, додека во другите земји, меѓу кои се Франција и Луксембург, за крашење на правилата не се предвидени казни.

Различна од земја до земја е возрасната граница на избирачите. Во речиси сите членки на ЕУ правото на глас се стекнува со навршени 18 години. Само три земји се исклучок; Грција – 17, а во Малта и Австрија може да се гласа со навршени 16 години.

Возрасната граница за кандидатурата на изборите уште повеќе варира. Петнаесет земји, меѓу кои најголемите Германија и Франција, одредија граница од 18 година. Во десет земји, меѓу кои се Полска и Чешка, кандидатот мора да има наполнето 21 година. Во трите преостанати земји кандидатот мора да има 23 години – во Романија, или 25 години – во Италија и Грција.