Британците летово веројатно нема да можат да одат на одмор во странство

Британците веројатно ова лето нема да можат да патуваат на годишен одмор во странство поради пандемијата на коронавирусот, изјави министерот за здравство Мет Хенкок.

На прашањето дали луѓето треба да прифатат дека ова лето нема да има патувања во странство, тој во емисија на ИТВ рече: „Мислам дека тоа веројатно е така“.

Додека британската Влада полека се обидува да отвори некои сектори на економијата, одредени форми на физичко растојание ќе бидат потребни уште некое време.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е планирано воведување на 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, со цел да се спречи втор бран на епидемија на коронавирусот.