Британците за неколку дена ќе имаат тестови на антитела, ќе се утврдува дали некој бил заразен

Обединетот Кралство за неколку дена ќе има тестови на антитела коишто ќе бидат испраќани во домаќинствата за да се утврди дали лицата се заразиле со коронавирусот и развиле имунитет, соопштија во средата британските здравствени власти.

Шерон Пикок, директорката на британската Национална служба за инфективни болести, изјави дека се нарачени милиони тестови на антитела, како и дека во зависност од нивната форма, некои ќе можат да бидат правен без напуштање на домовите.

Тестовите се направени за да се утврди дали некој претходно бил заразен со коронавирусот, за разлика од тестовите на антигените, коишто покажуваат дали некој има вирус кога ќе ги почувствува симтомите на Covid-19, болеста којашто ја предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2.

„Тоа се нови производи. Мораме да бидеме сигурни дека функционираат за она за што се наменети. Кога ќе се проверат, а тоа ќе се случи оваа седмица, и ќе пристигнат повеќето тестови, ќе ги поделиме во заедниците. Тестирањето на тестовите не е голема работа и очекувам дека тоа би можело да се спроведе до крајот на седмицата“, рече Пикот пред пратениците.

Додаде дека петнаесетминутните тестови ќе може да се испорачуваат и преку онлајн продавницата Amazon. Пикок, исто така, рече дека постојат различни модели, како и дека за некои луѓето би можело да мораат да одат кој аптекар.

Рече дека мисли дека надоместоците за тестовите ќе бидат миминални, иако не сакаше да потврди дали ќе бидат достапни до следната седмица, истакна дека станува збор за денови а не за седмици или месеци.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, претходно во вторникот рече дека британската влада купила 3,5 милиони тестови на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.