Британец добил на лотарија 123 милиони фунти, трета најголема добивка

Британец остварил нереално висока добивка на лотарија во Британија. Среќникот ги погодил сите 7 бројки и го освоил џек потот, а во вторникот дошол да ја подигне својата добивка од 123 милиони фунти.

Тоа е третата најголема добивка на лотарија во Велика Британија, изјавил Анди Картер од Националната Лотарија.

Победничките броеви на ЕуроМилионс лотаријата биле : 25, 27, 39, 42 i 46, плус среќните бројки 11 и 12. Добитникот ги погодил сите седум.

Не е познат неговиот идентитет, но јасно е дека оваа голема добивка целосно ќе го смени неговиот живот.

Инаку, најголеми добитници на ЕуроМилионс џек пот е брачниот пар Колин и Крис Веир кои во јули 2011 година освоија 161 милион фунти.

Пензионираниот ТВ снимател и неговата жена, пензионерка, поранешна медицинска сестра, од Ларгс, Ејшир, изјавија тогаш дека нивните деца, Керли и Џејми, благодарение на добивката, си обезбедиле дом и си купиле автмобили.

Вториот најголем износ на добивка се 148 милиони фунти кои во 2012 година ја освоија Адријан и Џилијан Бејфорд од Суфолк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.