Британец ги освои максималните 190 милиони евра на EuroMillions

Анонимен Британец го освои во вторникот мајксималниот износ на играта на среќа EuroMillions од 190 милиони евра, објави лотаријата.ж

Ова се само четврти пат некој да успее да го освои ваквиот џекпот на ЕuroMillions, која се игра во девет земја: Австрија, Белгија, Велика Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.

Среќниот добиник на лотаријата која се организира од 2011 година, сега треба да се јави и да ги преземе парите, како и да одлучи дали ќе остане анонимен или ќе го открие својот идентитет.

Беа потребни 18 кола да се дојде до максималната сума од 190 милиони евра, а потоа уште четири кола некој да го освои џекпотот, пред тоа да му успее на среќниот Британец.

Светскиот рекорд според висината на наградата на лотарија му припаѓа на добитник од американската сојузна држава Јужна Каролина, кој минатата 2018 година освои 1,5 милијарди долари на американската лотарија Mega Millions. Добитникот одлучи да остане анонимен.