Британија ја одлага изградбата на дел од брзата железничка линија

Велика Британија најави дека ќе ја одложи изградбата на дел од новата брза железничка линија што треба да го поврзе Лондон со северна Англија поради зголемување на трошоците.

Одложувањето на проектот HS2 е тежок удар за планот за модернизација на железничката мрежа и зголемување на капацитетот на транспортните линии.

-Инфлациските притисоци се значителни, а трошоците за проектот се зголемени, рече британскиот министер за транспорт Марк Харпер во писмената изјава до Парламентот.

Градежните работи им беа доверени на компаниите Киер, Балфур Бити и Винчи.

Изградбата на брзата линија беше предложена во 2009 година и претставена како најголем инфраструктурен проект во Европа, што требаше да и овозможи на Велика Британија да ги достигне другите европски земји во проширувањето на мрежата за супербрзи возови.

Железницата треба да го поврзе Еустон во Лондон со Манчестер, а завршувањето на работите беше планирано за периодот од 2035 до 2040 година.

Според изменетите планови што ги откри Харпер, изградбата на делот меѓу Бирмингем и Кру ќе биде одложен за две години. Харпер не даде нов датум за завршување на целиот северен дел од пругата од Бирмингем до Манчестер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.