Британија ги засилила воздушните патролирања на границите на Русија

Typhoon/ REUTERS/Francois Lenoir

Борбените авиони на британските воздухопловни слили и пловилата на британската морнарица значително ги зголемиле патролирањата по должината на руските граници, со цел да ја идентификуваат ранливоста на руската одбрана, пишува весникот The Sanday Times.

Во периодот од последната седмица на август, најмалку 28 авиони на Краслкото воено воздухопловство биле испратени на мисии ка воздушните граници на Русија во областа на Црното Море, како и на бреговите на Колскиот полуостров, беле ангажирани најмачлку 28 борбени авион, при што во едена мисија истовремено учествувале и до пет аваиони, пишува весникот повикувајќи се на извори во британското министество за одбрана.

Во написот се истакнува дека во овие далечни мисии учествувале ловците од типот „Typhoon“ и извидувачките авиони „ Voyager“, како и разузнавачките авиони од „Sentinel“, „RC-135“ и „Boeing Sentry E-3 AWACS“. Пред две седмици биле изведени и првите летови на авионите „Typhoon“ над Украина и, како што се наведува во написот, „воени извори и податоци од станиците за следење на летовите потврдиле дека оттогаш се зголемини воздушните патролирања над Црното Море“.

Покрај тоа, се наведува и дека борбените летала „Typhoon“ првпат биле испратени преки Арткитчкиот круг да патролираат во близина на Мурманск, каде што се наоѓаат главните бази на руските подморници кои западните воени стручњаци ги сметаат за едно од најефикасните руски вооружувања. Во написот се наведува дека тоа се совпаѓа со меѓународната поморска операција во Арктичкиот круг, која ја предводеа бродовите на британската воена морнарица. На 7-ми сепрември, имено, британското министерство за одбрана објави дека целта на оваа операција била да се демонстрира посветеноста на земјите на НАТО во „осигурувањето слободна пловидба во областа“. Тогаш беше објавено и дека во опарацијата се вклучени неколку воени пловила на британската, американската и норвешката армија со поддршка на дански патролен авион.

Високопозициониран извро во британското воено разузнавање за весникот изјавил дека информациите собрани во текот на вавките мисии ќе им помогнат на експертите во британското министерство за одбрана „да ги идентификуваат ранливите страни на противникот и да се обидат да ги искористат“.

Претходно во петокот началникот на главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, и прв заменик началник на Генералштабот, Сергеј Рудској, покрај секојдневните известувања за престретнувања странски летала во близина на рускиот воздушен простор, истакна дека летовите на странските борбени авиони за 40 отсто се почести во областа на Црното Море отколку минатата година. Прелетите преку црноморскиот полуостров Крим, каде е седиштето на Црноморската флота на руската морнарица и се распоредени најновите типови противвоздушни ракетни системи, според генералот, се уште позачестени.

Претходно рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, истакна дека првпат од крајот на идеолошката Студена војна дел од воените бродов на НАТО биле распоредени во Баренцовото Море. Тој оцени дека станува збор за намера на Алијанската да демонстрира сила со зголемување на разузнавачките активности во близинана границите на Русија, што предизвикува загриженоста во Москва која „ќе имаа соодветен одговор“.