Британија го одби предлогот на ЕУ за рашавање на северноирскиот трговски договор

Велика Британија во средата ги иодби сите предлози на Европската унија за решавање на трговските прописи за Северна Ирска во периодот по нејзиното излегување од членството во Унијата, и јасно даде до знаење дека нема да се стеснува од преземење директни чекори во најновата ескалација на односите меѓу Лондон и Брисел.

Договорот кој по брегзитот би го сочувал мирот во Северна Ирска и бо го заштитил единствениот пазар во ЕУ без тврда копнена гранциа меѓу оваа покраина на Обединетото Кралство и Република Ирска која е членка на ЕУ, или гранита во самото Обединетото Кралство беше најголемиот предизвик за Лондон.

На крајот беше договорен протокол кој вклучува цариснки граници на морето меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија, но Лондон сега тврди дека таа бирократија повеќе „не може да ја трпи“.

Британската влада со месеци се заканува со откажување од голем дел од протоколот, со што го зголемува ризикот од трговска војна со ЕУ, и тоа во моментот на растечка инфлација.

Брисел ланскиот октомври понуди ублажување на царинските проверки, но британската министерка за надворешни работи Лиз Трас одговорите дека тоа не го решава клучниот проблем. Напротив, предупреди, „во некои случаи не враќа наназад“.

„Цените порасна, трговијата е нарушена, а луѓето во Северна Ирска се подложени на различни закони и даноци од оние на другиот брег на Ирското Море, поради што останаа без извршно тело и тоа претставува закана за мирот и стабилнсота“, тврди Трас.

Владата, додава шефицата на британската дипломатија, сакала одговорно решение, но „нема да се стеснува од преземањето чекори за стабилизација на ситуацијата во Северна Ирска доколку не биде изнајдено решение“.

Застојот поради ткн Протокол за Северна Ирска го блокира формирањето на новата извршна власт во оваа британска покраина, по минатонеделните избори кога по првпат победи партијата Шинј Фејн, поранешното политичко крило на паравоената Ирска републиканска партија (IRA) на ирските католици, но според мировниот договор од Велики петок 1998 година во владата мора да има и претствници од протестантските пробритански партии во случајот Демократска унионистичка партија (DUP).

Лондон предупреди и претходно дека би можел да биде присилен да дејствува еднострано за да се избегне разгорување на политичките тензии во Северна Ирска кои може да претставуваат закана за мирот од 1998-та со кој беше запрено децениското крваво насилство.

Ангажираните од Трас функционери изработиле нацрт-закон кој еднострано би ја укинал проверката на стоките кои се испраќаат од Велија Британија во Северна Ирска, пренесе во вторникот магазинот The Times. Законот, исто така, би им овозможил на компаниите во оваа британска покраина да ги пренабрегнат правилата и прописите на ЕУ и би ми ги одзел овластувањета на Европскиот суд на правдата да одлучува за прашањеата коишто се однесуваат на Северна Ирска.

Меѓутоа, британската влада во вторникот не најави никави детални планови од таков вид, кога ги претставуваше сите закони кои планира да ги воведе во следниот период.