Британија и Франција бележат пад на ковид-бројките, Италија со најмногу мртви од април

Ansa Filippo Venezia

Италија во средата вечерта потврди 34.283 случаи на нови зарази со коронавирусот во последните 24 часа и најголем број на починатите од Covid-19 од април односно нови 753 смртни исходи, додека Велика Британија бележи благо опаѓање на новозаразените а Франција намалување на пациентите на интензивна нега.

Италијанското министерство за здравство објави дека бројката објавена во средата претставува пораст на новозаразените во однос на 32.191 во вторникот. Вкупно од почетокот на епидемијата во февруари, Италија има потврдено над 1,3 милиони случаи на заразата, од кои во моментов се активни околу 750.000, од кои речиси четири илјади пациенти се на одделите за интензивна нега.

Потврдени се и 753 нови смртни исходи поврзани со Covid-19, што исто така е пораст во однос на 731 починат во вторникот, односни најголема бројка од 3-ти април кога цела Италија беше „затворена“.

Северниот регион Ломбардија, чија центар е италијанската финансиска престолнина Милано, и натаму е натешко погодената поркаина и потврди нови 7.633 случаи на заразата, што претставува пад во однос на 8.448 коронаинфекции во вторникот.

Италија е една од најтешко погодената западноевропска замја во пандемијата на коронавирусот кој однесе 47.217 животи.

Повеќе смртни исходи од Covid-19 во Европа има само Велика Британија, која во средата потврди нови 529 смртни исходи, што претставува пад во однос на 598 ден претходно. Британија вкупно досега има забележано 53.803 смртни исходи.

Со тестирањата потврдени се 19.609 новозаразени, што исто така е пад споредено во однос на 20.051 од вторникот. Британија вкупно има 1,45 милиони заразени од почетокот на епидемијата.

Во Франција податоците на агенцијата за јавно здравје при министерството за здравство покажуваат 427 починати во последните 24 часа во болниците, со што бројот на смртните исходи од почетокот на епидемијата во земајта се искачи на над 46.700.

Со новите 28.383 случаи, Франција има вкупно околу 2,07 милиони случаи на заразата од почетокот на епидемијата.

Меѓутоа, попуштил притискот врз одделите за интензивна нега, иако се сѐ уште преопотоварени со пациенти со Covid-19, односно има 4.759 од кои 361 пациент е примен во последните 24 часа. Со тоа два дена со ред бројот на ковид пациентите на одделите за интензивна нега е во скромен пад во однос 4.838 во вторникот, односно 4.919 пациенти во понеделникот.