Британија му одобри на Huawei ограничен пристап во развојот на 5G

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот одржа состанок на Советот за национална безбедност на кој, како што наведуваа претходно медиумите, е донесена одлука за овозможување ограничен пристап на кинескиот технолошки гигант „Huawei“ во идниот развој во Обединетото Кралство на петтата генерација мобилни мрежи 5G.

Ова се смета за најголем тест на пост-брегзитовската надворешна политики, во кој премиерот Борис Џонсон одлучи дека „добавувачите од висок ризик“ ќе бидат исклучени од чувствителното јадро на мрежите, а ќе постои и 35-процентно ограничување на нивната вклученост во деловите кои не се толку значајни.

Иако во објавата на британската влада „Huawei“ не е изрично спомената, се наведува дека „добавувачите од висок ризик“ ќе бидат исклучени од сите клучни мрежи и чувствителни локации, како што се нуклеарните постројки и воените бази.

„Ова е специфично решение за Велика Британија од специфични причини за Велика Британија и одлуката е заснована на предизвиците со кои моментално сме соочени“, изјави министерката за дигитални технологии, култура, спорт и медиуми, Ники Морган.

Националниот центар за кибернетичка безбедност спровел техничка и безбедносна анализа со која е дадена детална процена на она што треба да се стори за заштите на дигиталната инфраструктура на Островот. Центарот објави низа насоки во кои се наведени практичните чекори кои телекомуникациските оператори треба да ги презема за да ја спроведат владината одлука и да го намалат високиот ризик во 5 G мрежите.

Одлуката на Лондон веројатно нема да биде добро примена во Вашингтон, кои стравува дека Кина ќе го употреби „Huawei“ за кражба на тајните информации и предупредува дека тоа би можело да го намали интензитетот на американско-британската разузнавачка соработка, доколку Британија овозможи пристап за кинеската корпорација.

Од друга страна, пак, од ваквата одлука на Лондон се задоволни во „Huawei“. Потпретседателот на компанијата, Виктор Жанг, изјави дека со одлуката на британската влада им е потврдени дека можќат да продолжат да работат со клиентите за воведување на 5G мрежите.

„Ова одлука втемелена на докази, ќе резултира со понапредна, посигурна и поисплатлива телекомуникациска инфрструктура соодветна за иднината. Со тоа на Велика Британија ѝ е овозможен пристап до водечката светска технологија, и ѝ осигурува конкурентен пазар“, порача Женг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.