Британија одобрила поголем извоз на делови за подморници во Тајван

Велика Британија, којашто и самата има проблеми со обновувањето на својата флотила, минатата 2022 година одобрила значително зголемување на извозот во Тајван на делови и технологии за подморници кога земјата ја обновува својата воена морнарица, потег кој бездруго ќе влијае врз кинеско-британските односи.

Вредноста на дозволите коишто британските компании за извоз во Тајван во првите девет месеци 2022 година изнесувала рекордни 167 милиони фунти, според податоците за извозните дозволи на британската влада. Анализата на податоците кои ги направила агенцијата Reuters покажала дека тоа е повеќе отколку во сите претходни шест години.

Кина ги смета островот Тајван, чија независност не е меѓународно признаена, за своја одметната покраина и жестоко се противи на секакво странско мешање во тоа прашање, бидејќи на тој начин смета дека се поддржуваат настојувањата на Тајпеј да биде признаен како суверена држава.

Кога од Reuters ги изнеле овие бројки во кинеското Министерство за надворешни работи чиј претставник одговорил „Ако тоа е вистина, станува збор за сериозно кршење на принципот за ‘една Кина’. Тоа ги поткопува суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, како и мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Велика Британија нема официјални односи со Тајван, но со таа земја, како и САД, одржува економски и трговски врски, а во Тајпеј постои де-факто британска амбасада.

Британската влада во понеделникот најави зголемување на издвојувањата за одбраната, преставувајќи ги новините во своите одбранбени, безбедносни и надворешнополитички приоритети. Лондон истакнува дека планира „да се фати во костец со новите закани коишто доаѓаат од Кина и од Русија“.

Претставувајќи го политичкиот документ, британскиот премиер Риши Сунак изјави дека „агресивниот став“ на Кина во Јужното Кинеско Море и во Тајванскиот теснец се меѓу прашањата коишто „му се закануваат на светот, а ги дефинираат опасности, безредија и поделби, како и меѓународниот поредок кои би можел да му оди во прилог на авторитаризмот“.