Британија планира работни визи за висококвалификувани работници

Велика Британија стартува нов визен систем за олеснување на пристигнувањето во земјата на странски стручњаци, особено од областа на науката, истражувањето и технологијата, соопшти денеска британскиот министер за финансии, Риши Сунак.

Тој на пратениците им порача дека се надева Велика Британија да ја направи „најдоброто место во светот за висок раст и иновативни компании“ и дека тоа ќе ги направи четирите нации од островот „меѓународно конкурентни“.

– Најавувам амбициозна реформа на визниот систем што ќе биде насочена кон високо квалификуваните мигранти – рече Сунак.

Како што објасни, тоа вклучува „нова категорија на неспонзорирани визи базирани на бодирање за привлекување на најдобрите и најперспективните таленти во светот на науката, истражувањето и технологијата и нов, подобрен систем за обработка на визи за растечките компании и претприемачи, како и радикално поедноставена бирократија за добивање виза за висококвалификуваните апликанти.