Британија планира укинување на самоизолацијата за заразените со Covid-19

Владата на Обединетото Кралство има намера да го укине прописот според кој лицата морад а се одат во изолација откако ќе се заразата со коронавирусот, пишува The Telegraph.

Премиерот Борис Џонсон сака трајно да ги отповика итните закони за коронавирусот додека бројот на случаи на Covid-19 во Велига Британија продолжува да паѓа, се наведува во написот на весникот.

Во написот се додава дела општите насоки ќе останат на сила, но дека нема да резултират со казни доколку луѓето не се придржуваат до нив. На плановите ќе се работи во текот на следните седмици а одлуката се очекува пролетва, додава The Telegraph.

Минатата седмица министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека самоизолацијата поради Covid-19 во Англија ќе биде скусена на пет од седум дена, откако лицето ќе има два негативни теста.

Премиерот Џонсон, исто така, би требало да го укине „планот Б“ за рестриктивните епидемиолошки мерки воведени во декември за да се забави ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот/

Според „планот Б“ во Англија на граѓаните им се препорачува да работат дома колку што тоа е можно, да носат маски во јавниот сообраќај и на јавните места, како и да мораат да покажат ковид-пропусници за влез во ноќни клубови големи настани.