Британија подготвува специјалци за тајни операции против Русија и Кина

(AP Photo/Nabil al-Jurani)

Специјалните единици на британските вооружени сили ќе започнат подоготовки за спротиставување на активностите на Русија и на Кина во различни делови на светот, вели полковникот на британските кралски маринци Марк Тотен во интервјуто за весникот The Times од саботата.

Според Тотен, во рамките на новиот пристап кон националната безбедност, Специјалната воздушнодесантна служба (SAS) и Службата за десатни поморски специјални операции (SBS), ќе се фокусираат на одвраќање на „големите државни непријатели“. Тотен посочува дека овие единици ќе добијат средства и време за подготовка за изведување „високоризични задачи“ кои бараат „детално проучување и обука“.

Во разговорот се истакнува дека традиционалните улоги на SAS и SBS во контекстот на нивната преориентација ќе ги преземе Кралската поморска пешадија (британските маринци), во чиј состав ќе биде формирана специјална единици од 4.000 војници. Самиот Тотен ќе ги предводи „идните специјални единици“ на британскиот марински корупс, коишто ќе им помогнат на специјалните единици во борбата против тероризмот и справување со платениците ширум светот.

„Ќе им овозможиме на SAS и SBS да се фокусираат на посложени и комплексни задачи за соочување со Русија и Кина. Тоа бара вистинска експертска проценка, така што ќе имаат повеќе време и повеќе човечки ресурси. Ние, пак, од своја страна можеме да извршуваме некои од нивните задачи, на пример, во борбата со поморскиот тероризам или заеднички операции кои се посложени и придружени со поголем ризик“, вели Тотен.

Според извор на The Times од воените кругови, SAS и SBS, исто така, може да добијат задача да обучуваат поморски сили на бројни држави во басенот на Јужно-Кинеското Море за заштита од заканата која доаѓа од Кина.

Весникот, исто така, наведува дека армиските специјалци при вршење на строго тајните операции можат да дејствуваат со британската служба за надворешно разузнавање MI-6, на пример, при следење на кинеските и руски разузнавачки и воени формации.