Британија пред најголемиот штрајк на медицинските сестри во историјата

Медицинските сестри од Националната здравствена служба (NHS) ќе учествуваат во четвртокот на првиот национален штрајк додека жестокиот спор со владата поради платите ги зголемува притисокот врз и онака веќе преоптоварените болници во едена од најинтензивните периоди во годината во здравството во Велика Британија.

Се проценува дека 100.000 медицински сестри во четвртокот штрајкуваат во 76 болници и здравствени центри, откажувајќи илјадници операции кои не се итни и десетици илјади амбулантни прегледи во британскиот NHS кој ги финансира државата.

Велика Британија зимава се соочува со бранот штрајкови кои ја парализираат железничката мрежа и поштенските услуги, а аеродромите се подготвуваат за прекини во работата во текот на Божикните празници. Сепак, од сите штрајкови, за многу Британци највпечатлив е штрајкот на медицинските сестри.

„Длабоко е тажно што некои членови на синдикатот продолжуваат со штрајкот. Работам на тоа во владата и со медицинарите надвор од јавниот сектор за да осигурам сигурни нова на персона, но и натаму сум загрижен поради ризикот што го претставуваат штрајковите за пациентите“, изјави британскиот министер за здравство Стивен Баркли.

Многу ценетата во британското општество професија на медицинските сестри ќе затвори делови од NHS, кој од своето основање во 1948 година го стекна статусот на национално богатство бидејќи неговите услуги се бесплатни, и така ќе биде погодено пружањето здравствена нега што е веќе оптоварено во зимскиот период и поради рекордниот број отсуства од работа поради Covid-19.

Министерот Баркли изјави и дека пациентите би требало да продолжат да бараат итна медицинска помош и да доаѓаат на прегледи, освен доколку им е кажано да не го прават тоа.

Штрајкот на медицинските сестри од 15-ти до 20-ти декември е без преседан во 106-годишната историја на британскиот синдикат на медицинските сестри, но Кралскиот факултет за медицински сестри (RCN) вели дека нема избор додека вработените одвај спојуваат крај со крај.

Медицинските сестри бараат зголемување на платите од 19 отсто, тврдејќи дека претрпеле деценија на големи кастрења и дека ниските плати значат помалку кадар и несигурна нега за пациентите.

Владата во Лондон, пак, одби да разговара за платите. Премиерот Риши Сунак планира да воведе закони против штрајкот „за да ги заштити животите и средствата за живот“, пишува во четвртокот весникот The Daily Mail. Во интервјуто за весникот, Сунак вели дека се надева оти челниците на синдикатот може да „увидат дека не е во ред да предизвикуваат пречки за многу луѓе, особено во божикниот период“.

„Но спремен сум да воведам нови закони следната година за да ги заштитам животите на луѓето и да ги сведам на најмала можна мерка нарушувањата во нивните животи. И тоа е нешто на што забрзано работиме“, вели премиерот Сунак.