Британија прва во светот ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTech, вакцинирањето започнува следната седмица

Велика Британија во средата стана првата држава во светот која ја одобри употребата на вакционата против Covid-19 на американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и на германската биотехнолошка компанија „BioNTech“, и најави дека вакцинирањето ќе започен многу рано, уште следната седмица.

„Владата денеска ја прифати препоракта на независната аенција MHRA (Medicines and Healthcare products Regulatory Agency) да ја одобри за употреба вакцината на Pfizer-BioNTech’s COVID-19. Вакцината ќе биде достапна ширум Обединетото Кралство од следната седмица“, објави владата во Лондон.

Британската комисија за вакцини ќе одлучи кои приоритетни групи граѓани ќе бидат први вакцинирани, на пример чувствителните групи како што се штитениците на домовите за стари и немоќни лица, медицинскиот персонал, повозрасните граѓани, односно сите кои се клинички крајно ранливи,.

Од „Pfizer“ ја поздравија оваа одлука.

„Ова одобрувања е целта кон којашто тежнеевме работејќи откако првпат изјавиме дека науката ќе победи, ѝ честитаме на MHRA на способоста внимателно да оценат и навреме да одлучат да го заштитат населението на Обединетото Кралство“, изјави директорот на американската компанија, Албер Бурла.

Според наводите на Pfizer/BioNTech’s, оваа вакцината покажала 95-процентна ефикасност. Како и за вакцината на другата американска компанија „Moderna“, резултатите од испитувањата на третата клиничка фаза ќе бидат дадени на рецензија во стручни списанија и ќе бидат презентирани во јавноста по 17-ти декември.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, денеска соопшти дека програмата на вакцинирање на населението ќе започне следната седмица доддвавајќи „Ова се добри вести!“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.