Британија упорна да ја вооружува Украина

Велика Британија ќе ѝ испорачува вооружување на Украина нов пакет оружје за да ѝ помогне во зголемувањето на воените капацитети изјави во понеделникот британскиот министер Бен Волас за кого Киев е наводно соочен со заканувачко однесување на Русија, во потег кој сигурно ќе предизвика жестока реакција од Москва и нема да придонесе за деескалација на тензиите во Европа.

„Донесовме одлука за снабдување на Украина со лесни противоклопни одбранбени вооружени системи“, рече Волас пред британските пратеници.

Волас го повика својот руски колега Сергеј Шојгу да го посети Лондон во следните неколку седмици за да разговараат за, но оти не знае дали повикот ќе биде прифатем.

„Моменталниот јаз е голем, но не е непремостлив. Сѐ уште се надевам дека дипломатијата ќе надвладее. Изборот е на претседателот (на Русија, Владимир) Путин“, рече Волас.

„Тоа не се стратешки оружја и не претставуваат закана за Руисија, туки се за употреба во самоодбрана. Системите се со кус достреч…меѓутоа… ако тенковите влезат во Украина, изведат инвазија, тоа оружје ќе биде дел од саноодбраната“, се обиде да ја минимизира новата воена помош за Украина британскиот министер за одбрана уверувајќи дека тоа нема да предизвика соодветни потези од Русија која и претходно остро ги критикуваше таквите потези на Лондон.

Во обраќањето пред британскиот парламент Волас рече дека првите вооружени системи веќе се ипосрачени во понеделникот и помал број британски инструктори ќе ги обучуваат украинските сили.

Ситуацијата околу Украина последните два месеца е затегнета. Западот тврди дека Русија наводно подготвува инвазија врз Украина и дека разместува големи воени сили во близина на границата. Москва возвради дека раздвижувањето на нејзините сили на нејзината територија е предизвикано од постојаното трупање на сили и стратешко вооружување на Украина на линијата на раздвојување со силите на одметнатите доминатно руски источни региони по превратот од 2014-та, и дека Киев можеби се подготвува за воено решение на граѓанската војна, како и поради присуството на американски и британски воени инструктори и војници во регионот.