Британија во паника, повторно над 10.000 заразени за еден ден

Велика Британија регистрира 10.321 лице заразени со коронавирус во последните 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 4.620,968, соопшти британското Министерство за здравство.

Ова претставува најголемо зголемување од февруари, кога случаите нагло паднаа во услови на една од најуспешните кампањи за вакцинација во Европа.

Сепак, со ширењето на варијантата Делта, која првпат беше откриена во Индија, Велика Британија забележа значително зголемување на инфекциите.

Поради зголемениот број на новозаразени, Даунинг стрит одлучи да го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки. Од истата причина голем број држави донесоа одлука  да продолжат со ограничувањата за сите оние кои пристигнуваат од Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.