Британија забранува пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Употребата на пластичен прибор за јадење и на инии за еднократна употреба ќе бидат забранета во Велика Британија за да се намали загадувањето на животната средина, објави денеска „Гардијан“.

Британската министерка за животна средина Тереза ​​Кофи ќе ја забрани употребата на пластични предмети за еднократна употреба врз основа на извештаите објавени минатиот месец, објави британскиот весник.

Овој потег следи по консултациите за ова прашање кои беа спроведени од страна на Одделот за животна средина, храна и рурални прашања, а кои траеја од ноември 2021 година до февруари 2022 година.

Кофи рече дека се потребни до 200 години за да се распадне една пластичната вилушка.

Според официјалните податоци Англија годишно користи околу 1,1 милијарди чинии за еднократна употреба и 4,25 милијарди парчиња таков прибор за јадење, од кои само 10 отсто се рециклираат.

Според истражувањето, пластичниот прибор за храна и предметите за носење, вклучително и контејнерите за храна и приборот, го сочинуваат најголемиот дел од отпадоците во океаните во светот.