Британија излегува од ЕУ на 29-ти март 2019-та во 23 часот

Британската влада најави во петокот дека истапувањето на земјата од Европската унија ќе се случи на 29-ти март 2019 година во 23 часот по локално време, а овие прецизни податоци биле внесени во амандманот од нацрт законот за излегувањето од ЕУ, кој во моментов се наоѓа на доработка во парламентот.

„Нашиот амандман јасно укажува дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија во 23 часот на 29-ти март 2019-та“, соопшти во писмена изјава министерот надлежен за Брегзотот, Дејвид Дејвис

Според неговото министерство, некои пратеници биле загрижени поради тоа што точниот датум за спроведувањето на истапувањето на земјата од Унијата не бил впишан во законот.

„Ги послушавме претставниците на јавноста и на парламентот и ја внесовме оваа промена за да избегнеме конфузија“, истакнува Дејвис.