Британија ја обвини „безобѕирната“ Русија пред Советот за човекови права на ОН, Кремљ го отфрла „јазикот на ултиматуми“

Велика Британија му соопшти во средата на Советот за човекови права при Обединетите нации дека наводното руско употребување на воен нервен отров, кој бил користен во обидот за убиство на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, дека претставува „безобѕирно“ кршење на меѓународното право и оти треба да послужи како предупредување за маѓународната заедница, а од Кремљ повторија дека Москва не го разбира „јазикот на ултиматуми“ и оти бараат соработка со Лондон.

„аСоветот и Генералното собрание на ОН го осудија руското кршење на меѓународно право. Нејзиното безобѕирно однесување е навреда во сето она што ова тело го застапува“, изјави пред Советот чиешто седиште е во швајцарска Женева британскиот амбасадор Џучијан Брејтвајт.

Велика Британија е подготвена за пресметка со Русија во средата откако што во полноќ истече рокот кој Лондон ѝ го постави на Москва кој го постави премеирката Тереза Меј за изнесување појаснување за тоа како нервниот отров од времето на СССР е користен во обдот за убиство на поранешниот руски двоен агент.

Премиерката Меј претходно во говорот пред британските пратеници рече дека Русија „многу веројатно“ е одговорна на труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен отров кој своевремено го развивала советската војска. Таа алудираше дека Москва или намерно извела „напад врз Велика Бротанија“ или нема контрола врз нервните агенси и ѝ даде рок до средата полноќ да даде одговор.

Русија, којашто отфрла секаква вмешаност во овој случај, соопшти дека нема да одговори на ултиматумот на премиерката Меј сé додека не добие примероци од нервниот оторов, повокувајќи се на одредба од Конвенцијата за забрана на хемиското оружје.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјаво во вторникот на прес-конференција во Москва дека оваа конвенција предвидува во случај на користење забранети суспстанции на осомничената земја да ѝ се овозможи пристап до припероци од супстанцијата за да може да спроведе сопствени соодветни анализи.

„Со официјална нота побаравме пристап до таа супстанција и сите елементи од истрагата откако е една од жртвите е руската државјанка Јулија Скрипал. Тие барања се отфрлени“, информираше Лавров.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите во средата дека „Москва нема никаква поврзаност со тоа што се случило во Британија“.

„Нема да ги прифати потполно неоснованите обвиненија насочени против неа и, исто така, не го прифаќа јазикот на ултиматумот“, порача гласноговорникот на Кремљ и додаде дека Москва останува отворена и натаму за соработка со Лондон за кој повтори дека не наидува британска соработка на руската подготвеност.

Се очекува дека Меј подоцна во средата во парламентот ќе го објави одговорот на Лондон по истекот на рокот до кој Москва требаше да даде објаснувања.

Лондон ги повика западните сојузници на координиран одговор, замрзнување на имоти на руските деловни и политички лица, ограничување на нивен пристап до лондонскиот финансиски центар, протерување дипломати, па до покренување на намерни насочени кибернетички напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.