Британија ќе го олесни доселувањето на брилијатните умови од целиот свет

Велика Британија ќе ги олесни законите за доселување за по излегувањето од Европската унија да привлече што повеќе врвни научници од целиот свет, најави во четвртокот премиерот Борис Џонсон.

„Објавуваме дека ги менуваме правилата за доселување за да ја направиме Британија уште поотворена, уште подобра средина за научниците ширум светот“, изјави Џонсон.

Брзата имиграциска постпка, која владата во Лондон планира да ја воведе до крајот на годинава, е осмислена да ги привлече елитните истражувачи и специјалистите во науката, инженерството и технологијата, соопшто кабинетот на премиерот. Појаснуваат дека новиот план е сличен на австралискиот имиграциски систем кој се темели на бодови.

Новиот систем ќе ги укине ограничувањата за бројот на визите за научнциите и ќе донесе нови критериуми кои овозможуват автоматско усвојување на барањата. Можно е и на издржуваните лица да им се овозможи вработување на британскиот пазар на трудот, и да се укине одредбата според којашто лицето, пред доаѓањето во Бротанија, мора да има понуда за работа.

„Сакаме Британија да биде најнапредната економија во Европа со имиграциски систем кој ги привлекува најбрилијантните и најголемите таленти на светот“, изјави министерката за внатрешни работи Прити Пател.

Здруженијата на работодавачи и универзитетите го поддржуваат владиниот потег и повикуваат на дополнителни реформи за Британија да може да го надомести недостигот од луѓе, особено во технологијата. Водечките универзитети, вклучително Оксфорд и Кембриџ, предупредија дека технолошкиот сектор би можел да биде погоден кога Обединетото КРалство ќе илезе од Европската унија без договор, така што ќе бидат прекинати врските меѓу истражувачите, а најголемите таленти би биле обесхрабрени да студираат во Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.